Тавче гравче со колбаси
Serves 4
Write a review
Print
Ingredients
  1. 300гр бел грав
  2. 400гр крањски колбас
  3. 1 главица кромид
  4. 1 морков
  5. 1 свежа везена пиперка
  6. 1 лажичка мешан зачин, бибер,оригано и свеж магданос
  7. 1 лажичка буковец
  8. 1 лажица брашно
  9. 1 лажица црвен пипер
  10. 2-3 лажици зејтин
Instructions
  1. Гравчето е традиција во секое семејство. Затоа решив да ви представам една моја едноставна комбинација на грав со колбаси.
  2. Гравот е застапен еднаш неделно во мојот дом и тоа го подготвувам на неколку начини. На една телевизиска програма наидов и на рецепт грав со шербет се работи за турски рецепт ама за тоа треба да се има храброст да се подготви и проба. Еве го моето едноставно гравче.
  3. Подготовка
  4. Гравчето го киснам со мала количина на вода од навечер. Утредента го варам заедно со цела главица кромид, морков и везена свежа пиперка на тивок огин. Варењето зависи од гравот. Зрната не треба да се распаднат, но треба да бидат варени меки.
  5. Одкако гравот ни е варен го пресипувам во земјена тава. Кромидот и морковот ги пасирам со вилушка додавам магданос и ситно сецкано лукче, мешан зачин, оригано, бибер и буковец.
  6. Во тава го пропржувам брашното кратко сипувам зејтин мешам и додавам црвен пипер.
  7. Запршката ја сипувам во гравот додавам малку вода доколку фали во земјената тава.
  8. Колбасите ги ставам врз гравот и печам на 200 степени триесетина минути или додека не изврие дел од водата.
  9. Со овој рецепт нама да ве изненадам, ама сакав да ви го представам и моето едноставно гравче тавче со колбаси.
bilboard.mk http://bilboard.mk/
Гравчето е традиција во секое семејство. Затоа решив да ви представам една моја едноставна комбинација на грав со колбаси.
Гравот е застапен еднаш неделно во мојот дом и тоа го подготвувам на неколку начини. На една телевизиска програма наидов и на рецепт грав со шербет се работи за турски рецепт ама за тоа треба да се има храброст да се подготви и проба. Еве го моето едноставно гравче.
Подготовка
Гравчето го киснам со мала количина на вода од навечер. Утредента го варам заедно со цела главица кромид, морков и везена свежа пиперка на тивок огин. Варењето зависи од гравот. Зрната не треба да се распаднат, но треба да бидат варени меки.
Одкако гравот ни е варен го пресипувам во земјена тава. Кромидот и морковот ги пасирам со вилушка додавам магданос и ситно сецкано лукче, мешан зачин, оригано, бибер и буковец.
Во тава го пропржувам брашното кратко сипувам зејтин мешам и додавам црвен пипер.
Запршката ја сипувам во гравот додавам малку вода доколку фали во земјената тава.
Колбасите ги ставам врз гравот и печам на 200 степени триесетина минути или додека не изврие дел од водата.
Со овој рецепт нама да ве изненадам, ама сакав да ви го представам и моето едноставно гравче тавче со колбаси!!!.

You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook