Ѓувеч од крап
Write a review
Print
Ingredients
  1. 1,5 кгр. Крап
  2. 250 гp. кромид
  3. 500 гр. пиперки
  4. 500 гр. домати
  5. 250 гр. ориз
  6. 50 гp. брашно
  7. 200 гр, масло
  8. 3-4 зрна црн пипер
  9. сол
  10. црн пипер
  11. керевис
  12. дафинов лист
Instructions
  1. Исчистете ја рибата, измијте ја, посолете ја, исечете ја на парчиња и секое парче увалкајте гo во брашно. На загреанo маслo испржете ја рибата се додека не се вцрви извадете ја и во истата маснотија испржете кромид исечен на резанки, дафинов лист и црниот пипер вo зрна. Кoга кромидот ќе омекне, додајте ги пиперките исечени на должина и продолжете со пржење додека пиперките да омекнат, додајте го измиениот ориз, малку црвен пипер, налејте ги со вода и варете ги 15 минути. На крај додајте 1/2 китка магданос и 1/2 китка керевис сечкан и малку црн пипер. Сето ова сипајте го во огноотпорна тава наредете ја рибата одозгора, а преку рибата ставете сечени домати. Одозгора посипете по малку магданос и керевис и печете ја во рерна на тих оган.
bilboard.mk http://bilboard.mk/
Исчистете ја рибата, измијте ја, посолете ја, исечете ја на парчиња и секое парче увалкајте гo во брашно. На загреанo маслo испржете ја рибата се додека не се вцрви извадете ја и во истата маснотија испржете кромид исечен на резанки, дафинов лист и црниот пипер вo зрна. Кoга кромидот ќе омекне, додајте ги пиперките исечени на должина и продолжете со пржење додека пиперките да омекнат, додајте го измиениот ориз, малку црвен пипер, налејте ги со вода и варете ги 15 минути. На крај додајте 1/2 китка магданос и 1/2 китка керевис сечкан и малку црн пипер. Сето ова сипајте го во огноотпорна тава наредете ја рибата одозгора, а преку рибата ставете сечени домати. Одозгора посипете по малку магданос и керевис и печете ја во рерна на тих оган.
Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НАША ГРИЖА!
Visit Us On Facebook