Archive for December, 2013

Домашно приготвен спанаќ со јајца

Исчистете го спањаќот и измијте го. Кромидот ситно сечкан испржете го и во него ставете малку црвен пипер, посолете по вкус. Оваа смеса ставете ја во тавче, долејте малку вода и ставете да се пече. Кога ќе биде напола печено, преку спањаќот скршете ги јајцата. Претходно направете вдлабнатина во спанаќот за да може јајцата да […]

Ориз и компири во тавче

Исечкајте го ситно кромидот и испржете го на маслото. Додајте го оризот, а компирот исечкан на овални парчиња наредете ги преку оризот. Ставете вода, да се облие, додајте сол по вкус, магданос, црн пипер и ставете го во рерна да се испече.

Полнети суви пиперки

Измијте ги пиперките и попарете ги со многу врела вода. Исечкајте го ситно кромидот и испржете го на масло, а пoтоа додајте го оризот, црвениoт пипер, сол и магданосот. Со оваа смеса полнете ги пиперките. Редете ги во тавче и налејте ги со 1 чаша дoматен сос. Печете ги вo рерна на тивок оган.

Посна сарма

Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку […]

Тавче гравче

Гравот се вари, но да се внимава да не е преварен. Во земјена тава се става маслото и кромидот да се пржи. Откако се испржи кромидот се додава црвен пипер и во тавата се претура сварениот грав. Се меша добро и се додава водата во која се варел гравот, се посолува, се редат пиперките, се […]

Шницла на кромид

Исечете гo месото на шницли, истолчете ги, посолете ги и редете ги во тенџере по следниот ред: прв ред посолени шницли а преку нив ситно сечкан кромид и магданос. Преку кромидот наредете пак шницли само што сега треба да ги увалкате во брашно, тоа повторувајте го се додека не се потрошат шницлите и кромидот. Потоа […]

Бифтек со сланина

Бифтекот сечете го на парчиња дебелина 1 см. На секое парче бифтек сложете сланина во гoлемина на парчето и со чепкалка закачете ја сланината за месото. Така спремениот бифтек ставете го на врело масло и пржете го малку, а веднаш потоа ставете многу ситно сечкан кромид, сол, црн пипер, виното и продолжете да го дејствувате. […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook