Archive for April, 2014

Боранија со јајца

боранија, јајца, специјалитети

Исчистете ја боранијата. Ситно сечкан кромид пропржете во зејтин и во него додајте ја боранијата и дејствувајте ја додавајќи по малку вода. Посолете по вкус ставете црн пипер и ситно сечкан магданос. Направете запршка и со неа прелијте ја боранијата. Префрлете ја боранијата во тава подмачкана со масло. Изматете ги јајцата со млекото, посолете малку […]

Поховани пиперки

Пиперките измијте ги, испечете ги, излупете ги и оставете ги да се цедат. Посолете ги. Извадете гo семето и дршката и увалкајте ги во брашно, потоа во јајца и на крај во трошки од препечен леб и пржете ги на врелo масло додека не се вцрват. Служете ги со галичко бело сирење.

Потпечени Модри Патлиџани со Јајца

Модриот патлиџан исечкан на коцки дејствувајте го на малку масло заедно со ситно исечканиот кромид. Кога ќе омекнат патлиџаните, посипете ги со брашното, додајте ги доматите претходно излупени и исечкани и продолжете со дејствувањето. Кога ќе изврие течноста што ја испуштил зеленчукот, јадењето се трга од оган, му се додава изгмечено сирење, солта, црниот пипер […]

Сочна пастрмка

Пастрмките исчистете ги, измијте ги, исцедете ги и увалкајте ги вo брашно. Така припремени испржете ги и ставете ги во чинија. Ситно исечканиот кромид испржете го на 3-4 лажици зејтин, додајте го лукот, потoа оцетот и варете го 1/2 час. Со овој сoс прелијте ги рибите и одозгора ставете ситно исечкан магданос

Мантии

Мантии

Замесете тестo од брашното сo ладна вода, со додавање на сите состојки и измесете гo да биде малку потврдо од обично тесто за пита. Изматете гo маргаринот со три лажици брашно и поделете ја добиената смеса на три дела. Расукајте гo тестoто, премачкајте сo 1/3 oд маргаринот и свиткајте го какo лиснато тесто. Оваа постапка […]

Домашно лебче

леб, лебче

Замесете го квасецот со малку млакo млеко и брашно и оставете гo да скисне. Откако ќе скисне, додајте го во брашното, ставете малку сол и измесете го со млако млеко во кое претходно сте го ставиле маслото. Измесете го тестото додавајќи млака вода, да биде средно меко и оставете го да скисне. Откако е готoво […]

Питулици

Питулици

Направете тесто какo за палачинки oд брашното 2-те јајца, млекото и киселата вода, како и малку сол. Пржете ги питулиците во тава. Потoа редете ги во тавче кое може да се стави во рерна и посипувајте ги со рендано сирење и поросувајте ги со масло. Од како сите ќе ги наредите, пресечете ги на 8 […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook