Archive for March, 2015

Пржено свинско месо со бело вино и јогурт

Го сечеме месото на помали парченца, па малку го подваруваме. Потоа го пржиме додека убаво порумени,. Го додаваме белото вино, јогуртот, сенфот ,зачините , мешаме и оставаме некоја минутка да извари течноста.

Похован кромид

Ги исипуваме брашното и солта во сад. Правиме дупка во средината каде го исипуваме пивото. Ги додаваме јајцата едно по едно. Мешаме бавно додека не се добие густа изедначена каша. Оставаме смесата да одстои најмалку 30 минути. Го лупиме кромидот и го сечеме на цели кругови со дебелина 1 см. Кромидот го посипуваме со млеко […]

Домашно припремена крем супа

Во еден литар вода сварете 2 компира и една млада тиквица. Посолете со цол и црн бибер и зачин по желба. Кога зеленчукот ќе биде сварен ставете го во блендер. Вратете на оган и варете уште 5 минути. Додадете една зденка, и убаво промешајте да се растопи.

Селски компир во рерна

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тепсијата со хартија. Компирот измијте го и исушете. Ставете го во рерна и печете го околу 50 минути. За шмек исцедете го прво лимонот и измешајте го со кисела павлака, мед, сол и бибер по вкус. Кога ќе се олади, излупете ја кората само на врвот и […]

Полнет модар патлиџан

Ги сечеме модрите патлиџани на половина по должина. Во поголема тава, попрскуваме со масло за јадење и ги ставаме сите модри патлиџани да се пржат. Повреме ги вртиме и откако ќе омекнат ги вадиме на чинија. Во друга загреана тава ставаме маслиново масло, потоа го додаваме ситно исечканиот кромид и лук, пиперките и меленото месо. […]

Салата со варени компири

Сварениот компир се остава да се олади па се сецка на коцки. Во него се додава ситно исецканиот кромид , сардината, варените јајца, исецкани на тркалца. Посолете, ставете бибер, ставете го сенфот, винскиот оцет, маслото за јадење и убаво промешајте. Украсете со гранче магдонос. Потребни состојки.

Печен карфиол

Карфиолот добро измијте го и поделете го на парченца. Во голем сад ставете вода да зоврие. Откако водата ќе зоврие ставете го карфиолот во садот за да се свари. По десетина минути извадете го и исцедете го. Тавата за печење премачкајте ја со путер и префрлете го карфиолот. Загрејте ја рерната на 180 степени.Во меѓувреме […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook