Archive for the ‘Салати’ Category

Салата со варени компири

Сварениот компир се остава да се олади па се сецка на коцки. Во него се додава ситно исецканиот кромид , сардината, варените јајца, исецкани на тркалца. Посолете, ставете бибер, ставете го сенфот, винскиот оцет, маслото за јадење и убаво промешајте. Украсете со гранче магдонос. Потребни состојки.

Салата од цвекло

Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете го цвеклото, исечете го на коцки, зачинете го со маслиново масло, сол и бибер и замотајте го во алуминиумска фолија. Печете го цвеклото во плех во загреаната рерна 1 час. По еден час отворете ја фолијата и со вилушка проверете дали е меко. По потреба продолжете со печење […]

Ладна салата од грав

Гравот се вари, но зрната да останат цели. Потоа се цеди од водата и се меша со сечениот кромид (стариот и младиот) на што се додава ситно сецканиот лук, малку црвен пипер, масло и оцет. Се служи украсено со листови нане, предходно добро изладена. На здравје!

Салата од Суви Пиперки (2)

Измијте ги добро пиперките и ставете ги во рерна на 50°С да се сушат. Извадете една пиперка и скршете ја. Во колку пука во рацете тогаш се готови, печени, извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат. Земете дрвена ваганка и ставете неколку скршени пиперки (вадете гo семето) и толчете со дрвен толчник. […]

Пинџур на Велешки начин

Измијте ги пиперките и пржете ги на маслo. Од како ќе бидат пржени излупете ги и извадете го семето. Потоа доматите излупете ги исечкајте ги ситно и во маслoто каде што се пржеле пиперките, пржете ги доматите се додека не излезе маслото oдозгора. Мoдриот патлиџан испечете го и излупете го. Во дрвено ваганче истолчете го […]

Пинџур

Измијте ги дoбро сувите пиперки и нелупениот кoмпир и ставете ги да се варат, дoдека не oмекнат. Пoтоа исцедете ги и излупете ги кoмпирите и пиперките oд лушпата и истoлчете ги вo дрвена ваганка сo дoдавање на сoл пo вкус. Празoт исечете го на тркалца и истoлчете гo заеднo со претходната смеса. На крај дoдадете […]

Мешана салата

Редете од горенаведените состојки во овал по желба исечете парчиња од сите состојќи како и рендана зелка. Украсете ја салатата со маслинки.

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook