Archive for the ‘Салати’ Category

Салата со праз и маслинки

Исчистете го празот, измијте го добро и исечкајте го ситно. Во чинија за салата ставете го празот, маслинките, црвениот пипер, се убаво измешајте и налејте ја салатата со масло. Во зависност од соленоста на маслинките ставете сол по желба.

Салата од сирење

Исечкајте го кромидот многу ситно. Сирењето изгмечете го добро, ставете го црвениот пипер, измешајте го со ситно сечканиот кромид, ставете го сенфот, посолете ако не е солено сирењето, ставете во чинија, обликувајте ја по желба и украсете ја со парчиња варени јајца

Урнебес салата

Исечкајте го сирењето, саламата и краставичките. Истолчете гo лукчето и оревите. Сега соединете ги сите состoјки и убаво измешајте ги. Наредете ја салатата во чинија и украсете ја по желба.

Салата од млад кромид

Сварете ги јајцата, и излупете ги и исечете ги на резенки. Кромидот исчистете го, измијте го и исечкајте го. Ставете го во чинија за салата, посолете го, налејте го со масло и полека измешајте. На крај ставете ги резенките од јајцата и повтoрно лесно измешајте ја салатата.

Шопска салата

Доматите и излупените краставици исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата лута пиперка и нарендајте го сирењето.

Маканица

Сварете го гравот заедно со пиперките. Исцедете ги од вода, а пиперките излупете ги и извадете го семето и рачките. Сето тоа изгмечете го убаво и направете гycтa каша. Лукчето истолчете го и ставете го во кашата и налејте ја со маслото. Посолете по вкус.

Салата од модар патлиџан

Измијте ги модрите патлиџани и испечете ги или во рерна или на плотна. Излупете ги и истолчете ги добро во дрвена ваганка. Кромидот исечкајте го многy ситно и измешајте го со модрите патлиџани. Убаво се измешајте, посолете по вкус и додајте го маслото. (околу 100 гр.). Сервирајте ја салатата во плитка чинија во средина, а […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook