Archive for the ‘Вегетаријанска храна’ Category

Пржени пиперки со сирење и јајца

Пиперките измијте ги,отстранете ја дршкта и семките. Исечете ги на ленти па на коцки на големина која ви одговара. Загрејте тава со масло, кога е загреано ставете ги пиперкитe, пржете ги додека омекнат околу 15 мин.. Кога омекнале ставете ги претходно разматени јајца, пржете да се испржат јајцата, на крајот додајте го раздробеното сирење и […]

Проја

Од јајцата, јогуртот, брашното, пецивото и киселата вода направете тесто малку погусто од она за палачинки. Потоа во него ставете го сирењето, па сипете го во плех кој го намастивте и го набрашнивте. Печете на 200 степени околу половина час.

Кифлички со кајмак

Во млако млеко ставете го шеќерот, квасецот, малку брашно и оставете неколку минути да стаса. Во сад за месење ставете го јогуртот, зејтинот, солта и стасаниот квасец. Додајте брашно и замесете меко тесто кое нема да ви се лепи на рацете. Оставете го тестото убаво да стаса. Во сад за матење ставете ги состојките за […]

Солен ролат со паштета

Најпрво се сечат краивчињата на лебот. Краивчињата се оставаат на страна затоа што не се употребуваат. Потоа лебот се сече на 3 еднакви дела и со нож се вдлабува за да се извади средата и 3-те дела да останат скоро на корка. Се варат јајцата тврдо. Морковите се обаруваат колку да омекнат. Кога се сварени […]

Ладна салата од грав

Гравот се вари, но зрната да останат цели. Потоа се цеди од водата и се меша со сечениот кромид (стариот и младиот) на што се додава ситно сецканиот лук, малку црвен пипер, масло и оцет. Се служи украсено со листови нане, предходно добро изладена. На здравје!

Салата од Суви Пиперки (2)

Измијте ги добро пиперките и ставете ги во рерна на 50°С да се сушат. Извадете една пиперка и скршете ја. Во колку пука во рацете тогаш се готови, печени, извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат. Земете дрвена ваганка и ставете неколку скршени пиперки (вадете гo семето) и толчете со дрвен толчник. […]

Полнети Модри Патлиџани

модар патлиџан

Измијте ги патлиџаните, исечете ги дршките и ставете ги да се варат се додека не омекнат. Патлиџаните извадете ги од врела вода и веднаш налејте ги со ладна вода. Кога патлиџаните сосема ќе се oладат пресечете ги на полoвина по должина извадете гo семетo, сепак да остане еден дел со кората. Земете тава намачкајте ја […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook