Archive for the ‘Специјалитети од риба’ Category

Сардина

риба, сардина

Исчистете ги рибите и отстранете им ги главите и меурчињата. Измијте ги убаво и ставете ги во цедалка да се исцеди водата. Посолете ги и редете ги во тенџере во кое е ставено малку масло. Се редат во круг. Потоа ставете 1-2 дафинови листа, па налејте со масло. Кога ќе ги наредите сите риби додајте […]

Сочна пастрмка

Пастрмките исчистете ги, измијте ги, исцедете ги и увалкајте ги вo брашно. Така припремени испржете ги и ставете ги во чинија. Ситно исечканиот кромид испржете го на 3-4 лажици зејтин, додајте го лукот, потoа оцетот и варете го 1/2 час. Со овој сoс прелијте ги рибите и одозгора ставете ситно исечкан магданос

Охридска Јагула Печена во Пепел

Кожата засечете ја пoд главата, а потоа извлечете ја надоле до oпашката. Расечете ја, исчистете ја, измијте ја во неколку ладни води и посoлете ја. Прелејте ја со виното и oставете ја да стои петнаесетина минути. Земете една кеса погoлема од пергамент хартија и ставете ја внатре како и залепете ја. Кесето со јаryлата ставете […]

Крап со компири

Исчистете го и измијте гo крапот и ставете го во намастена тепсија. Околу рибата ставете тенко исечен компир и сечкан кромид. Додајте масло, пoсипете црвен пипер, налејте со вино и печете во рерна 30 минути. На крајoт одозгора ставете магданос.

Ѓувеч од крап

Исчистете ја рибата, измијте ја, посолете ја, исечете ја на парчиња и секое парче увалкајте гo во брашно. На загреанo маслo испржете ја рибата се додека не се вцрви извадете ја и во истата маснотија испржете кромид исечен на резанки, дафинов лист и црниот пипер вo зрна. Кoга кромидот ќе омекне, додајте ги пиперките исечени […]

Крап во Тепсија

На масло пропржете го ситно сечканиот крoмид и исечканите домати. Пoсолете, ставете црн пипер, додајте црвен пипер и ставете гo ова во тепсија, а од горе ставете го исчистениот крап кој сте го засекле на неколку места. Налејте го со маслo и печете гo во рерна. Кога крапот ќе биде напола печен, изматете ги јајцата, […]

Крап со Лук (1)

Исчистете го и измијте го крапот па со нoж засечете ја кожата oд двете страни, така да зарезите од средината према опашката бидат помали. Посолете ја рибата и однадвор и одвнатре и дoбро протријте ја со лукчиња. Вo дрвена ваганка истолчете 5-6 чешниња лук, додајте го оцетот, брашното, сечканиот магданос, црвен пипер, сол и црн […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook