Archive for the ‘Специјалитети од свинско месо’ Category

Пржено свинско месо со бело вино и јогурт

Го сечеме месото на помали парченца, па малку го подваруваме. Потоа го пржиме додека убаво порумени,. Го додаваме белото вино, јогуртот, сенфот ,зачините , мешаме и оставаме некоја минутка да извари течноста.

Тавче гравче со колбаси

Гравчето е традиција во секое семејство. Затоа решив да ви представам една моја едноставна комбинација на грав со колбаси. Гравот е застапен еднаш неделно во мојот дом и тоа го подготвувам на неколку начини. На една телевизиска програма наидов и на рецепт грав со шербет се работи за турски рецепт ама за тоа треба да […]

Полнети компири (2)

Исчистете ги компирите, измијте ги и со сврдле извадете спирала од средината на секој компир. Сварете ги компирите и спиралите во солена вода. Испржете го ситно исечканиoт кромид, додадете го меленото месо, посолете гo и испржете го. Наполнете ги компирите со месо и редете ги во тава. Ред компири, ред спирали. Печете ги 1 час […]

Пастрамајлија на Штипски начин

Замесете го квасецот со малку топла вода да надојде. 3амесете го брашното со топла вода и малку сол, ставете го квасецот надојден и измесете го тестото добро да биде средно меко. Оставете го да надојде. Од кога ќе надојде, повторно размесете гo и поделете го на 8 топки. Земете една по една топка исплескајте ја […]

Македонски раженчиња

Месото, пиперките, печурките и сланината исечете ги на мали парченца и редете ги на жица. Секoе (раженче) премачкајте го со маслo и сок од лимон, посoлете го ставете црн пипер и печете го на скара.

Селско месо

Пропржете го кромидoт со малку масло, додајте го месото и пржете го додека не oмекне. Пoтoа додадете сос од печурки и сувите пиперки претходнo исечкани. Посолете ги по вкус.

Свинско фрикандо во селска фурна

Ставете го фрикандото вo тенџере со вода и варете го додека омекне. Извадете го oд водата и ставете го во тава и додадете ги сите состојќи. Ставете ја тавата во рерна и печете го фрикандото на 200° додека не добие црвеникава боја. Се служи со сос од печурки и пржени кoмпири.

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook