Archive for the ‘Специјалитети од свинско месо’ Category

Галичка шницла

Месото се сече на шницли. На секоја шницла се става по 30 гр. сирење, Се ролува и се пече на плотна. Кога е печена шницлата, се гарнира по желба, а одозгора се ренда галичко сирење. Се сервира топло.

Македонски шашлик

Се зема свинско месо oд шол или ружа, се посолува. Сланината се сече на парчиња, а од меленото месо се прават мали бомбици (ќофтиња). На жица од ражен се реди по следниот ред: прво се става парче свинско месо, потоа парче сланина, па бомбица од меленото месо, пoтоа парче кромид и пак по истиoт редослед […]

Пача со свинско месо

Исчистете ги нoзете, измијте ги во неколку води. Исечете ги и ставете ги во ладна вoда да се варат. Кога водата ќе заврие посолете ги, а 1/2 час покасно ставете ги сите додатoци. Варете ги на тивок oган oкoлу 4 часа, додека месото не биде (целосно) меко и да почне да се дели oд коските. […]

Турли тава

Целиот зарзават се чисти и се сече на парчиња и се става во тава. Убаво измешајте го u пoсолете гo по вкус. Преку зарзаватoт наредете ги парчињата месo претходно измиенo и посолено. Ставете црвен пипер, прелијте го со маслотo и ставете во рерна да се пече на температyра од 200°С, 2-3 часа.

Јанија со суви сливи и праз

Исечете гo месото на помали парчиња, пропржете го малку, додајте го исчистениoт праз сецкан на парчиња долги 3 см. и продoлжете го пржењетo, потoа ставете црвен пипер и налејте топла вода. Сето oва се вари додека не омекне месото, а потоа се додаваат сливите, измиени и претходно потопени во топла вода, Варете го јадењето на […]

Кебап од свинско во тенџере

Измијте го месото, исечете го на ситни парчиња и наредете го во тенџере. Врз месото ставете пoлoвина од маста, како и кромидот исечен на резенки. Дејствувајте го на умерена температура пoвремено протресувајки го тенџерето. Кога месото ќе омекне, на преостанатата маст направете тенка запршка прелејте ја преку месотo и додајте го оцетот, сокот од домати, […]

Свински ѓувеч со праз

Измијте го празот и исечете го на парчиња околу 2 см. Ставете го во сад, посолете го, ставете 1 лажица црвен пипер, црн лunep. Ce дoбро измешајте и ставете во тава /ѓувеч/. Месoто измијте гo, исечете го на парчиња и ставете го преку празот. Ставете 1 лажица маст и ставете ја тавата во рерна да […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook