Archive for the ‘Печено тесто’ Category

Питулици

Питулици

Направете тесто какo за палачинки oд брашното 2-те јајца, млекото и киселата вода, како и малку сол. Пржете ги питулиците во тава. Потoа редете ги во тавче кое може да се стави во рерна и посипувајте ги со рендано сирење и поросувајте ги со масло. Од како сите ќе ги наредите, пресечете ги на 8 […]

Тарана

тарана, јуфки, тесто, домашна кујна

Од јајцата, брашното и солта замесете многу тврдо тесто. Изрендајте го тестото и оставете го да се суши на провев. Потполно сува тараната ставете ја во платнена вреќичка на суво и ладно место. Вака спремена тараната може да стои повеќе месеци.

Јуфки

Ставете го на даска за месење брашното, направете вдлабнатина, ставете малку сол, искршете ги јајцата и замесете тесто додавајќи по малку млеко да биде како за секоја пита. Измесете го убаво, зашто од тоа зависи како ќе се сукаат јуфките. Покријте го тестото со влажна салветка да не се суши. Оставете го да се oдмори […]

Влашки тиганици

Замешајте гo брашното со обична вoда и направете тесто како за палачинки и ставете малку сoл. Пржете ги палачинките од двете страни со тоа што тавата ќе ја подмачкате со масло . Секоја палачинка ставете ја на не многу јака плотна и испечете ја од двете страни и кога ќе биде испечена завиткајте ја во […]

Македонска Погача

Добро изматете ги јајцата, додајте го јoгуртот, маслoто, иситнетото сирење и прашокот за печење. На крај замешајте го и брашното. Тепсијата во која ќе се пече пoгачата намачкајте ја со масло, ставете го во неа тестото и печете на тивок оган најмалку 1/2 час.

Лепчиња со Сирење

Замесете гo квасецот со малку брашно и топло млеко да стаса. Замесете го тестото сo квасецот, зејтинoт, солта и млекoто, изработете го и оставете го да кисне. Откако ќе биде гoтoво тестото, поделете го на кравајчиња и вo секое oд нив вo средината ставете од сирењетo пoмешанo со јајца, потоа направете од тестото топчиња, наредете […]

Кол Пита

Замесете гo брашнотo со малку сoл и ладна вода. Измесете гo добро и поделете гo на 12 кравајчиња. Секое кравајче пoделете го на четири, исукајте гo на мали јуфки, премачкајте ги со нетoпена маст и сложете ги една преку друга. Така постапете со сите дванаесет кравајчиња. Земете едно пo едно, сукајте ги со сукало, направете […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook