fbpx

Archive for the ‘Специјалитети’ Category

Салата со варени компири

Сварениот компир се остава да се олади па се сецка на коцки. Во него се додава ситно исецканиот кромид , сардината, варените јајца, исецкани на тркалца. Посолете, ставете бибер, ставете го сенфот, винскиот оцет, маслото за јадење и убаво промешајте. Украсете со гранче магдонос. Потребни состојки.

Печен карфиол

Карфиолот добро измијте го и поделете го на парченца. Во голем сад ставете вода да зоврие. Откако водата ќе зоврие ставете го карфиолот во садот за да се свари. По десетина минути извадете го и исцедете го. Тавата за печење премачкајте ја со путер и префрлете го карфиолот. Загрејте ја рерната на 180 степени.Во меѓувреме […]

Ќофтиња со зеленчук

Морковот и компирот ги вариме. Откако ќе се сварат ги рендаме и ги додаваме во месото. Кришките леб ги потопуваме во вода и ги истискуваме од водата и нив ги додаваме во месото.Кромидот и лукот ги сецкаме многу ситно.И нив и останатите состојки сите ги додаваме во месото. Замесуваме со рака. Пржиме во загреано масло.

Пржени пиперки со сирење и јајца

Пиперките измијте ги,отстранете ја дршкта и семките. Исечете ги на ленти па на коцки на големина која ви одговара. Загрејте тава со масло, кога е загреано ставете ги пиперкитe, пржете ги додека омекнат околу 15 мин.. Кога омекнале ставете ги претходно разматени јајца, пржете да се испржат јајцата, на крајот додајте го раздробеното сирење и […]

Домашно приготвен див зајак

Се става зајакот во преходно припреманата саламура и се остава да одстои цела вечер. Утре дента се вади, се мие и се брише со сува крпа. Потоа започнува да се полно по следниот редослед со: 1 кг. печурки 2 главици кромид 5 чешниња лук 4 предходно исецкани моркови 4 исецкани компира Потоа целиот се мота […]

Тавче гравче со колбаси

Гравчето е традиција во секое семејство. Затоа решив да ви представам една моја едноставна комбинација на грав со колбаси. Гравот е застапен еднаш неделно во мојот дом и тоа го подготвувам на неколку начини. На една телевизиска програма наидов и на рецепт грав со шербет се работи за турски рецепт ама за тоа треба да […]

Проја

Од јајцата, јогуртот, брашното, пецивото и киселата вода направете тесто малку погусто од она за палачинки. Потоа во него ставете го сирењето, па сипете го во плех кој го намастивте и го набрашнивте. Печете на 200 степени околу половина час.

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НАША ГРИЖА!
Visit Us On Facebook