Archive for the ‘Супи и чорби’ Category

Бегова чорба

Пилешкото месо ставете го да се вари во ладна вода. Во водата ставете го исчистениот зеленчук. Додадете и сол. Варете додека месото и зеленчукот не омекнат. Потоа супата процедете ја. Месото одвоите го од коските, а зеленчукот исецкајте го на коцки и вратете ги во процедената супа. Додадете го и претходно сварениот и процеден ориз.Бамјите […]

Домашно припремена крем супа

Во еден литар вода сварете 2 компира и една млада тиквица. Посолете со цол и црн бибер и зачин по желба. Кога зеленчукот ќе биде сварен ставете го во блендер. Вратете на оган и варете уште 5 минути. Додадете една зденка, и убаво промешајте да се растопи.

Тавче гравче со колбаси

Гравчето е традиција во секое семејство. Затоа решив да ви представам една моја едноставна комбинација на грав со колбаси. Гравот е застапен еднаш неделно во мојот дом и тоа го подготвувам на неколку начини. На една телевизиска програма наидов и на рецепт грав со шербет се работи за турски рецепт ама за тоа треба да […]

Супа од полжави и коприва

Полжавите ставете ги вo тенџере, налејте ги со вода и варете ги oколу половина час. Кога ќе се сварат извадете ги од куќичката, исечете им ги главите и опашките и измијте ги дoбро. Кромидот исечкан испржете го на маст, додајте ги полжавите, и кога ќе се вцрват пoлжавите се додава брашнoто и тоа да зацрвенее, […]

Телешка чорба

Во загреано масло го пропржуваме ситно сецканото кромидче. Додаваме сол и пржиме уште малку. Солта го прави кромидчето како кристално и нему дава да прегори. Потоа го додаваме ренданиот морков, пиперката и ренданите патлиџани. Откако е убаво испржено и смесата изедначена, ги додаваме парченцата на коцки телешко месо. Тие ќе ја сменат бојата, ќе поруменат […]

Грав чорба

Кога приготвувате тавче гравче искористетеја водата за чорба. На маслo пропржете една главица ситно исечкан крoмид, додајте малку брашно како за запршка и малку црвен пипер, потоа налејте ја водата што сте ја исцедиле од гравот. Како додаток на oваа чорба замесите тврдо тесто само од брашно и вода, направете долги тркалезни ленти и сечете […]

Чорба од леќа

Сварете ја леќата во вода да омекне. Направете запршка од маст и брашното, додајте црн пипер и сол. Варената леќа испасирајте ја, помешајте ја со запршката, налејте ја со супата во која се варела леќата и варете ја уште 15 минути.

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook