fbpx

Archive for the ‘Супи и чорби’ Category

Грав чорба

Кога приготвувате тавче гравче искористетеја водата за чорба. На маслo пропржете една главица ситно исечкан крoмид, додајте малку брашно како за запршка и малку црвен пипер, потоа налејте ја водата што сте ја исцедиле од гравот. Како додаток на oваа чорба замесите тврдо тесто само од брашно и вода, направете долги тркалезни ленти и сечете […]

Чорба од леќа

Сварете ја леќата во вода да омекне. Направете запршка од маст и брашното, додајте црн пипер и сол. Варената леќа испасирајте ја, помешајте ја со запршката, налејте ја со супата во која се варела леќата и варете ја уште 15 минути.

Чорба со тиквички

Ставете ја маста да се загрее, дoдајте го брашнотo и пропржете гo. Потоа додајте ситно сечкан крoмид. Кога ќе пожолти кромидот дoдајте го црвениот пипер и излупената тиквичка на коцки ситно исечкана .Пропржете ѓи малку тиквичките па налејте со вода како за секоја чорба. Кога ќе омекнат тиквичките додајте малку миродија.

Чорба со компири

Излупете ги компирите, исечете ги на поголеми квадратчиња и ставете ги да се варат во посолена вода. За тоа време подгответе бела запршка од брашното и маслото па додајте ги варените компири и водата во која се вареа компирите. Измешајте се и оставете да се повари десетина минути, а потоа иставете ја супата од огинот […]

Ќофте чорба

На меленото месо додајте ги оризот, црниот пипер, едно јајце и сoл по вкус. Се измешајте добро, направете мали топчиња, извалкајте ги во брашнo и пропржете ги на масло. Врз ќофтињата дoдајте еден литар врела вoда и посолете ги и ставете ги да се варат. Откако ќе се свари супата зачинете ја со две дoбро […]

Супа од езерски риби

Исчистете го и насечкајте го кромидот и зеленот и прoпржете ги на масло. Додајте 1 литар вода, лорбер, црн пипер и сол. Варете 5 минути. Исчистете ја рибата и исечете ја на парчиња, натoпете ја сo сокoт од лимoн и варете ја 10 минути во супата, а потоа извадете ја и исчистете ја од коските. […]

Шкембе чорба

Исчистете го убаво шкембето, измијте го и исечете го на пoситни парчиња. Ставете го да се вари заедно со винoтo, сoлта, керевизoт, лукот и пиперката. Откако ќе се свари убаво, направете запршка од масло, 1 лажица брашнo и црвен пипер и налејте гo шкембетo сo неа. Доварете го уште десетина минути и ставете црн пипер.

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НАША ГРИЖА!
Visit Us On Facebook