Posts Tagged ‘вегетаријанска храна’

Ѓозлеме

Од состојките за тесто замесете средно меко тесто. Поделете го на 4 топчиња и оставете ги да постојат, 20-30 минути.Празот ситно исецкајте го и кратко пропржете го, а потоа измешајте го со испасираното сирење и копарот.Од секое топче расукајте тенка кора. Нанесете од филот и завиткајте во ролат. Ролатот повторно расукајте го во кора. Повторете […]

Похован кромид

Ги исипуваме брашното и солта во сад. Правиме дупка во средината каде го исипуваме пивото. Ги додаваме јајцата едно по едно. Мешаме бавно додека не се добие густа изедначена каша. Оставаме смесата да одстои најмалку 30 минути. Го лупиме кромидот и го сечеме на цели кругови со дебелина 1 см. Кромидот го посипуваме со млеко […]

Полнет модар патлиџан

Ги сечеме модрите патлиџани на половина по должина. Во поголема тава, попрскуваме со масло за јадење и ги ставаме сите модри патлиџани да се пржат. Повреме ги вртиме и откако ќе омекнат ги вадиме на чинија. Во друга загреана тава ставаме маслиново масло, потоа го додаваме ситно исечканиот кромид и лук, пиперките и меленото месо. […]

Салата со варени компири

Сварениот компир се остава да се олади па се сецка на коцки. Во него се додава ситно исецканиот кромид , сардината, варените јајца, исецкани на тркалца. Посолете, ставете бибер, ставете го сенфот, винскиот оцет, маслото за јадење и убаво промешајте. Украсете со гранче магдонос. Потребни состојки.

Печен карфиол

Карфиолот добро измијте го и поделете го на парченца. Во голем сад ставете вода да зоврие. Откако водата ќе зоврие ставете го карфиолот во садот за да се свари. По десетина минути извадете го и исцедете го. Тавата за печење премачкајте ја со путер и префрлете го карфиолот. Загрејте ја рерната на 180 степени.Во меѓувреме […]

Проја

Од јајцата, јогуртот, брашното, пецивото и киселата вода направете тесто малку погусто од она за палачинки. Потоа во него ставете го сирењето, па сипете го во плех кој го намастивте и го набрашнивте. Печете на 200 степени околу половина час.

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
БИДИ ИГРАЧ, А НЕ ГЛЕДАЧ !
Visit Us On Facebook