
Бегова Чорба
2015-04-27 08:07:12

Serves 4
Ingredients
- 500 гр пилешко месо
- 100 гр моркови
- 50 гр целер
- 50 гр корен од магдонос
- 100 гр бамји
- 30 гр ориз
- 200 мл кисела павлака
- 3 жолчки
- сок од лимон
- сол, бибер
Instructions
- Пилешкото месо ставете го да се вари во ладна вода. Во водата ставете го исчистениот зеленчук. Додадете и сол. Варете додека месото и зеленчукот не омекнат. Потоа супата процедете ја.
- Месото одвоите го од коските, а зеленчукот исецкајте го на коцки и вратете ги во процедената супа.
- Додадете го и претходно сварениот и процеден ориз.
- Бамјите кратко потопете ги во врела вода и потоа додадете ги во чорбата.
- Чорбата варете ја уште малку и додадете го сокот од лимон. Зачинете со сол и бибер.
- Тенџерето со чорбата тргнете го од рингла и додадете ги изматените жолчки со павлаката.
- Кога чорбата ќе се згусне не треба повеќе да врие.
bilboard.mk https://bilboard.mk/