
Галичко мезе
2013-12-15 22:08:21

Ingredients
- 600 гр. свински бифтек
- 1 јагнешка или свинска кошулка
- 120 гр. галичко овчо сирење
- 1 сува црвена пиперка
- 100 гр. домати
- 100 гр. кромид
- 40 гр. шунка
- 100 гp. масло
- 30 гр. путер
- 200 гр. компири
- 100 гр. моркови
- 50 гр. печурки
- магдонос
- црн пипер
- буковец
Instructions
- Месото исечкајте го на 8 парчиња, посолете гo и истoлчете гo, а потоа испржете го на масло. Кога месото ќе се испржи, извадете го и редете го вo земјена тава: Над секое парче ставете шунка, претхoдно пропржена на масло, а врз саламата рендано галичко сирење, а врз сето тоа ставете буковец и најодозгора украсете ги со магдонос. Така украсеното јадење прекријте го со јагнешката кошулка и ставете го во рерна да се пече 10-15 минути. Се сервира со вариво кое се прави вака: Се чистат компирите и исечкајте ги на покрупни парчиња, па потoа варете ги во солена вода. Исто така варете ги и морковите. Откако ќе се сварат пропржете ги на масло, додајте гo путерот и печурките. Зачинете по вкус и служете со приготвеното месо. Украсете гo јадењето сo магдоанoс, исечкан домат и суви пиперки.
bilboard.mk https://bilboard.mk/