СОСТОЈКИ :
100 гр грав по човек
3-4 црвени пиперки
5-6 парчиња морков
1 кочан од зелка
1 главица кромид
200 гр солено суво месо
црвен пипер
1 лажица брашно
ПРИПРЕМА:
Ден предходно се става 100 грама грав по човек во тенџере со жешка вода. Кога ќе подзалади водата гравот се трие со дланките за да прими вода и да набабри, се остава да отстои до наредниот ден. Утредента се менува водата, се става да се вари со црвените пиперки, морковите, кочанот зелка и главицата кромид. Паралелно во друг сад се сецка сувото солено месо и во друг тенџере се става да се вари паралелно. Ако гравот се вари во солена вода ќе му треба многу време. Кога гравот ќе биде сварен, на масло се прпржува малку брашно, маку да пожолти, па се додава ситно сецкана главица кромид. Кога кромидот ќе се застакли ќе добие боја како матирано стакло,се додава малку црвен пипер и се запржува ужте неколку секунди. Во запршката се додава сварениот селенчук, се гмечи или пасира за да се добие фина каша. Се разредува со водата од гравот, се меша и се довава во тенџерето со главната смеса. Во истото тенџере се додава и свареното месо комплет со солената водата. Се дозагрева до зовривање и се посолува по вкус.
Постирано од Дојчин Станојков
Пријатен апетит!