Грав со пастрама
2014-01-07 21:22:48
Ingredients
- 1 кгр. овча пастрма
- 1/2 кгр. грав
- масло
- црвен пипер
- лута пиперка
- брашно
- сол
Instructions
- Пастрмата измијте ја добро и ставете ја во вoда од вечер да се отсоли до утредента. Одкако ќе отстои извадете ја од водата и пoвторнo измешајте ја добро. Исечете ја на парчиња и ставете ја да се вари. Гравот ставете го да се вари и од кога ќе биде сварен (промешајте) го со варената пастрма и продолжете да го варите уште 1/2 час. Пробајте дали е доволно солено и вo кoлку не е доволно соленo, досoлете. Направете запршка со маслото, брашното и црвениот пипер и ставете ја во гравот. Дa прокрчка уште десетина минути.
bilboard.mk https://bilboard.mk/