
Грашок со месо
2013-12-16 12:55:51

Ingredients
- 1 кгр. грашок
- 1/2 кгр. телешко месо
- 1 главица кромид
- сол
- црн пипер
- магданос
- масло
Instructions
- Пропржете го исечканиот кромид на масло, додајте го месото исечено на парчиња и се заедно пржете додавајќи по малку вода. Кога ќе омекне месото додајте една лажица брашно, пропржете го, па додајте го грашокот измиен. Се измешајте добро, налејте со малку вода (јадењето да биде густо) и оставете го грашокот да се повари уште малку. Сол и црн пипер додајте по вкус. Пред сервирањето јадењето посипете го со исечкан магдонос. Се служи со кисело млеко.
bilboard.mk https://bilboard.mk/