Див шпикуван зајак
2013-12-08 14:51:57
Ingredients
- 1 див зајак
- 150 гр. сува сланина
- 100 гр. кромид
- 100 гр, моркови
- 1-2 дафинови листа
- 100 гр. керевис
- 2 лажици вински оцет
- 200 гр. масло
- црн пипер
- магданос
- сол
Instructions
- Пред приготвувањето дивиот зајак се става во раствор за отстранување на специфичниот див мирис. Растворот се приготвува на следниот начин: Се проврива во тенџере разен зеленчук и тоа керевис, кромид, пашканат, моркови, сите исечкани на тркалца, потоа дафинов лист, корен од магданос, црн пипер во зрно, сол, по вкус и една до две лажици вински оцет. Откако ќе проврие растворот се става да се олади, а потоа во него се става одраниот и исчистениот зајак. Сe остава да отстои 2-3 дена во овој раствор. Потоа зајакот се дејствува со разен зеленчук и тоа моркови, керевис, пашканат, кромид, 1-2 дафинови листа и малку вода. Пред да се дејствува зајакот се шпикува со сува сланина. При дејствувањето се додава вино и малку путер. На крајот се става во релна и се пече на 200-250 степени од прилика 1 час .
bilboard.mk https://bilboard.mk/