
Домашно припремен питом зајак
2018-12-18 17:35:31

Ingredients
- 200 мл бело вино
- 200 мл вода
- 3 моркова
- 1 кромид
- 3-4 компира
- 2 големи лажици маст
- вегета
- сол
- црн бибер
- сув магданос
- ловоров лист
Instructions
- Најпрво зајакот се става во вода да одстои цела ноќ. Следниот ден се вари 2 часа, додека се вари во водата се додава сол и вегета. Одкако ќе се свари се става во тава, се зачинува и се премачкува со маст. Компирите, морковите, и кромидот се сечат на крупно и се ставаат околу зајакот. Подоцна се полива со винои вода и се покрива со фолија. Се пече на 200 ст. цели два часа.
Notes
- Пријатен апетит!
bilboard.mk https://bilboard.mk/