Домашно приготвен див зајак
2015-02-23 23:26:35
Намирници за подготовка на саламура
- 1 див зајак
- 500 гр. квалитетно бело вино
- 1л. вода
- 3 чешниња лук
- 1 главица кромид
- 2 ловорови листа
Намирници за подготовка на зајакот пред печење
- 5 чешниња лук
- 2 главици кромид
- 4 моркови
- 4 компира
- 500 гр. квалитетно бело вино
- 500 гр. вода
- 2 лимона
- 1 мало снопче магданос
- свежо цедено маслиново масло
- сол
- црн бибер
- 300 гр. сланина
Се става зајакот во преходно припреманата саламура и се остава да одстои цела вечер. Утре дента се вади, се мие и се брише со сува крпа. Потоа започнува да се полно по следниот редослед со
- 1 кг. печурки
- 2 главици кромид
- 5 чешниња лук
- 4 предходно исецкани моркови
- 4 исецкани компира
- Потоа целиот се мота со 300 гр. тенко сечена сланина, се додава 500 гр. вино и 500 гр. вода и така спреман се пече на 200 степена. После еден час се вади и се додаваат 2 лимона исцедени со магданос, маслимово масло, сол, црн бибер. Зајакот повторно се враќа во рерната и се пече додатно уште 2 часа .
Notes
- Се служи со квалитетно бело вино .
bilboard.mk https://bilboard.mk/