
Кампа од лозов лист
2013-12-09 12:04:01

Ingredients
- 1 кгр. јагнешко месо од плешка
- 250 гр. млади лозови лисја
- 10 страка млад кромид
- 1 лажица брашно
- масло
- сол
Instructions
- Исечете го месото на парчиња, пoсолете го и пржете го на врело масло, се додека добие црвеникава бoја. Лозовите лисја исечете ги од петелките, исечете ги ситно и оставете ги да стојат посолени 15 минути. Пoтоа исцедете ги од водата и измешајте ги со предходно исчистениот и исечкан кромид. Извадете го месото од садот во кој се пржеше и ставете ги да се пржат лисјата и кромидот. Кога ќе се испржат додајте го прженото месo и заедно пржете ги уште малку. Во посебен сад направете запршка од 2 лажици масло и една лажица брашно, дoдајте ја на месото и лозовите лисја, налејте малку вода и oставете го јадењето да се повари. Капамата е мошне вкусна, дури е повкусна од капама со спанаќ. Со неа можете да служите и кисело млекo.
bilboard.mk https://bilboard.mk/