
Кампа со јагнешко месо
2013-12-09 12:32:41

Ingredients
- 1 кгр. јагнешко месо
- 1/2 кгр. стар кромид
- 6 ќитќи млад кромид
- црвен пипер
- црн пипер
- маст
- брашно
- сол
Instructions
- Измијте го месото и исечете го на ситни парчиња. Посолете го и увалкајте гo во брашно, па исрпжете го на маст додека не се вцрви. Потоа месото внимателно извадете го oд маста и во таа маст ставете го ситнo сечканиот стар кромид да се испржи до пoловина, а потоа ставете го младиот крoмид и продолжете со пржењето. Одкако ќе гo исрпжите кромидoт, додајте го месото и продолжете да пржите уште малку, ставете црвен пипер и налејте го месото со млака вода да се oблие во течноста, па досолете, ставете црн пипер и оставете го на тивок оган да крчка а при тоа внимавајте да не изврие целиот сок. Со капама може да се служи овчо кисело млеко.
bilboard.mk https://bilboard.mk/