Кифлички со кајмак
2015-02-04 10:39:04
за тесто
- 150 мл млеко
- 150 мл јогурт
- 50 мл зејтин
- 1 лажиче шекер
- 2 лажичиња сол
- пола квасец
- 500 гр брашно
за фил
- 1 жолчка
- 100 гр маргарин
- 100 гр кајмак
- 1 лажица брашно
за премачкување
- 1 белка
Instructions
- Во млако млеко ставете го шеќерот, квасецот, малку брашно и оставете неколку минути да стаса. Во сад за месење ставете го јогуртот, зејтинот, солта и стасаниот квасец. Додајте брашно и замесете меко тесто кое нема да ви се лепи на рацете. Оставете го тестото убаво да стаса. Во сад за матење ставете ги состојките за филот и изматете со миксер.
- Стасаното тесто поделете го на два дела. Земете го едниот дел и на побрашнета површина расукајте кора да ви е дебела околу 0,5 цм. Премачкајте ја кората со филот и исечете ја на 12 триаголници, Потоа замоткајте ги кифличките. Повторете ја постапката и со другиот дел од тестото. Наредете ги кифличките во тавче за печење кое предходно сте го намачкале со малку маргарин. Секоја кифличка премачкајте ја со белка и оставете ги околу пола саат на топло. Печете во загреана рерна на 200 степени.
bilboard.mk https://bilboard.mk/