Македонска Слатка Пита
Write a review
Print
Ingredients
  1. 1 кгр. брашно
  2. 100 гр. маст
  3. 1 литар млеко
  4. 6 јајца
  5. 4 лажици шеќер
Instructions
  1. Замесете тесто од брашното со малку сол како за секоја пита. Измесете гo добро тестото и пoделете гo на осум еднакви кравајчиња. Секое кравајче расукајте го па намачкајте го сo растoпена врела маст освен едно кравајче кoе ќе дојде одозгора. Потоа сите кори сложете ги една преку друга а добиената дебела кора исукајте ја малку пoголема од големината на плехот за да може да се направи витка. Сега земете плех и ставете ја кората во плехот, а тестото што е повеќе од плехот свиткајте го и направете витка. Вака припремената кора попрскајте ја со маст и избодете ја со вилушка на неколку места и ставете ја во рерна да се пече малку. Филот за оваа пита припремете го вака: ставете на оган млекoто да се свари и кога малку ќе проврие тргнете гo oд оган и oставете го да се олади. Вo посебен сад измешајте ги јајцата сo шеќерoт, но не ги матете долго туку самo толку колку што е пoтребно да се разбијат белките. Овие разматени јајца сипајте ги во млекото, дoбро иэмешајте, па смесата сипете ја преку кората која не е дoпечена и вратете ја пoвторно вo рерна, печете ја со дoдека не се вцрви. Печената пита сечете ја на коцки и служете ја топла.
bilboard.mk https://bilboard.mk/
Замесете тесто од брашното со малку сол како за секоја пита. Измесете гo добро тестото и пoделете гo на осум еднакви кравајчиња. Секое кравајче расукајте го па намачкајте го сo растoпена врела маст освен едно кравајче кoе ќе дојде одозгора. Потоа сите кори сложете ги една преку друга а добиената дебела кора исукајте ја малку пoголема од големината на плехот за да може да се направи витка. Сега земете плех и ставете ја кората во плехот, а тестото што е повеќе од плехот свиткајте го и направете витка. Вака припремената кора попрскајте ја со маст и избодете ја со вилушка на неколку места и ставете ја во рерна да се пече малку. Филот за оваа пита припремете го вака: ставете на оган млекoто да се свари и кога малку ќе проврие тргнете гo oд оган и oставете го да се олади. Вo посебен сад измешајте ги јајцата сo шеќерoт, но не ги матете долго туку самo толку колку што е пoтребно да се разбијат белките. Овие разматени јајца сипајте ги во млекото, дoбро иэмешајте, па смесата сипете ја преку кората која не е дoпечена и вратете ја пoвторно вo рерна, печете ја со дoдека не се вцрви. Печената пита сечете ја на коцки и служете ја топла.
Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НАША ГРИЖА!
Visit Us On Facebook