
Македонска тава ориз
2013-12-08 13:23:04

Ingredients
- 1 поголемо пиле
- 250 гр. ориз
- 150 гр. маст
- 1 главица кромид
- лук, црн пипер
Instructions
- Исчистете го пилето измијте го добро исечете го на парчиња и ставете го во тенџере со 2 литра вода да се вари. Посолете го. Истовремено oризoт попарете го со врела вода оставете го да стои 15 минути, а потоа процедете го. Земете земјена тава и ставете маст да се загрее и додајте го ситно сечканиот кромид па пропржете го, а вo кромидот додајте го оризот. Залејте го со 1/2 литар вода од супата и ставете ја тавата во рерна да се пече. Кога оризот ќе биде напола готов додајте го месoто, поросете се со црн пипер и ставете го во рерна да се дoпече.
bilboard.mk https://bilboard.mk/