Македонски шашлик
2013-12-16 12:04:58
Ingredients
- Македонски Шашлик
- 750-800 гр. свинско месо од шол или ружа
- сланина
- мелено месо
- кромид
- сол
Instructions
- Се зема свинско месо oд шол или ружа, се посолува. Сланината се сече на парчиња, а од меленото месо се прават мали бомбици (ќофтиња). На жица од ражен се реди по следниот ред: прво се става парче свинско месо, потоа парче сланина, па бомбица од меленото месо, пoтоа парче кромид и пак по истиoт редослед додека не се пополни жицата. Се пече на скара и се сервира топло.
bilboard.mk https://bilboard.mk/