
Малиџано
2014-01-07 20:44:51

Ingredients
- 4 модри патлиџани
- 200 гр. овчо сирење
- 6 чешниња лук
- 50 гр. ореви
- 50 гр. масло
- црн пипер
Instructions
- Измијте ги патлиџаните, потоа избришете ги и испечете ги во рерна или, на плотната од шпоретот. Кога патлиџаните ќе се оладат излупете ги оставете ги во цедалка да се цедат. За тоа време во дрвена ваганка истолчете го лукот со солта, ставете ги оревите па и нив добро истолчете ги и ставете го црниот пипер. Исцедените патлиџани истолчете ги и помешајте ги со лукот оревите па додајте го изгмеченото сирење. Загрејте го маслото до вриење и внимтелно помешајте гo во оваа пикантна салата. Салатата може да се послужи какo прилог со печено месо, а може да се користи како предјадење.
bilboard.mk https://bilboard.mk/