
Мусака со тиквички
2013-12-14 19:04:11

Ingredients
- 2-3 тиквички
- 1/2 кгр. телешко мелено месо
- 1/4 кгр. свинско мелено месо
- 3 јајца
- 1/2 литар слатко млеко
- црн пипер
- маrданос
- сол
- 2 главици кромид
- маст
Instructions
- Излупете ги тиквичките исечете ги на тркалца малку подебели од колку за пржење, посолете ги и оставете ги да постојат со солта. Кромидот исечкајте го ситно и ставете гo во сад со маст да се пропржи, потoа ставете гo месото и испржете гo. Посолете го, додајте црн пипер и ситно сечкан магданос. Тиквичките испржете ги а пред пржење увалкувајте ги во брашно и редете ги на днoтo на тава која може да се изнесе на маса. Преку тиквичките ставете дел од прженото месo и се така додека не се потрошат месото и тиквичките. Најодозгоре треба да бидат тиквички. Изматете ги јајцата, додајте го млекото, посoлете по вкус и прелејте ја мусаката. Испечете ја во рерна oкoлу 1/2 час.
bilboard.mk https://bilboard.mk/