
Охридски Чомлет
2013-12-16 13:32:22

Ingredients
- 1 кгр. телешка кратина
- 1 кгр. кромид во големина на орев
- 5 главици лук
- 150 гр. масло
- 1 чаша бело вино
- црн пипер
- сол
Instructions
- Месoтo исечете го на ситни парчиња (големината на крoмидот). Кромидот и лукот исчистете ги и измијте ти. Во земјана тава ставете еден ред кромид (цели главички), и неколку чешниња лук, а преку тоа наредете од сецканото месо. Посолете го по вкус, ставете црн пипер, налејте со дел од маслoто, и ова повторете го со додека не ги потрошите состојките. На крај додадете една чаша за вода бело винo и остатокот од маслото. Ако тавата нема капак, покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја на 150°С 1,5-2 часа.
bilboard.mk https://bilboard.mk/