
Памук Погача
2016-12-27 17:56:43

Домашно спремена погачка
Ingredients
- 240 милилитри топло пресно млеко
- 240милилитри топла вода
- 240 милилитри зејтин
- 5 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 20 грама квасец
- 840 грама брашно
- 1 жолчка за премачкување
Instructions
- Квасецот се растопува во дел од водата со две лажици шеќер.Во брашното се додава,солта,остатокот шеќер.Се прави кладенче и во него се става растопениот квасец,остатокот вода,млекото,зејтинот.
- Се месе да се добие меко фино тесто но сепак еластично и се остава да стаса.Се премесува и деле на топчиња кои се редат во тавата .
- Пред да се пече одозгора се премачкува со жолчка и се попрскува со сусам. Во загреана рерна се пече на 180 степени околу 30 минути.
- Добар апетит!
bilboard.mk https://bilboard.mk/