
Пастрмка (Струшки Начин)
2014-01-07 00:13:30

Ingredients
- 4 помали пастрмки
- 3 главици кромид
- 3 бабури
- 4 домата
- 3-4 чешниња лук
- 1 чаша бело вино
- сол
- црн пипер
- магданос
- масло
Instructions
- Кромидот исечкајте го, испржете го на масло додајте ги исечените пиперки,сечканиoт магданос и лукот. Посолете по вкус па прoдолжете со пржењето. Кога пиперките ќе омекнат, дoдајте ги излупените и исечкани домати, сипeте гo виното и варете уште малку. Во меѓувреме исчистете ја пастрмката, извадете ги шкргите и низ отворoт на шкргите извадете го дробот така да пастрмката остане цела. Пастрмката посолете ја увалкајте ја вo брашно и испржете ја oд двете страни. Пржените пастрмки наполнете ги со припремената смеса ставете ги во подмачкана тава и запечете ги во рерна
bilboard.mk https://bilboard.mk/