Пиле со сос од домати
2013-12-08 14:06:06
Ingredients
- 1 пиле од 1.1/2 кгр.
- 500 гр. домати
- 1 лажица маст
- 2 лажици брашно
- 1 бабура
- 1 главица кромид
- магданос
- керевис
- сол
- шекер
Instructions
- Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња ставете ги во тенџере со многу малку вода. Во доматите ставете го кромидот, црниот пипер, ситно сечкан магданос и керевис. Од какo ќе се свари пропасирајте го. На маст запржете го брашното и налејте го со пропасираниот домат и додајте ја супата во која се варело пилето и варете на многу тивок оган. На половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето.
bilboard.mk https://bilboard.mk/