
Пиле со тарана
2013-12-08 13:36:26

Ingredients
- 1 пиле со тежина oд 1 кгр.
- 1 мала главица кромид
- 250 гр. путер или масло
- 1,1/4 л. вода
- 1 зелена пиперка
- црвен пипер
- сол
Instructions
- Пилето исечете го на парчиња, ставете го во сад, налејте го со вода, посолете го и варете го, само внимавајте да не се превари. Вареното месо тргнете го од оган. Во тенџере ставете 200 гр.путер или масло (во зависност со што ќе го готвите) и пропржете го сечканиот кромид, додајте ја сечкана пиперка и тараната и се заедно малку пропржете, а потоа налејте со водата во која се варело пилето. Сега тараната сипете ја во тава од огноотпорно стакло, а преку неа наредете го месото. Во 50 гр.загреано масло или путер ставете малку црвен пипер и прелејте го месото. Печете го во рерна додека тараната не ја упие целата супа.
bilboard.mk https://bilboard.mk/