Пиле со јуфки
2013-12-08 14:04:07
Ingredients
- 1 пиле со тежина околу 1 кгр.
- 250 гр. јуфки
- 200 гр. маст
- 2 главици кромид
- магданос
- црвен пипер
- сол
Instructions
- Исчистете го пилето и ставете го да се вари со сол. Од кога ќе се свари исечете го на парчиња и наредете го во сад што ќе може да се сервира, во огнеотпорна тава. Околу пилето ставете искршени јуфки. Кромидот исечкајте го ситно и испржете го, сипајте го во водата каде се варело пилето, па со тоа прелејте го месото и јуфките. Поросете го со ситно сечкан магданос и црвен пилер. Печете го во рерна околу 20 минути. Готовото јадење не треба да биде ни мноry гyсто ни многу ретко. Ова јадење се прави на ист начин со јагнешко и овчо месо.
bilboard.mk https://bilboard.mk/