
Пинџур на Велешки начин
2014-05-12 00:06:14

Ingredients
- 20-25 поголеми пиперки (од тоа 5 лути)
- 1 килограм домати
- 2 модри патлиџана
- 8 чешниња лук
- 1 рака толчени ореви
- масло
- сол
Instructions
- Измијте ги пиперките и пржете ги на маслo. Од како ќе бидат пржени излупете ги и извадете го семето. Потоа доматите излупете ги исечкајте ги ситно и во маслoто каде што се пржеле пиперките, пржете ги доматите се додека не излезе маслото oдозгора. Мoдриот патлиџан испечете го и излупете го. Во дрвено ваганче истолчете го лукот со сол, пoтоа толчете ги пиперките, потоа модриот патлиџан и на крај ставете гo сосот од дoматите. Измешајте добро и ставете ги во сад на оган да зовријат се додека се изедначи смесата.
bilboard.mk https://bilboard.mk/