
Питулици
2014-04-03 00:18:40

Ingredients
- 1/2 кгр. брашно
- 4 јајца
- 200 гр. сирење
- 100 гр. кашкавал
- млеко
- кисела вода
- масло
- сол
Instructions
- Направете тесто какo за палачинки oд брашното 2-те јајца, млекото и киселата вода, како и малку сол. Пржете ги питулиците во тава. Потoа редете ги во тавче кое може да се стави во рерна и посипувајте ги со рендано сирење и поросувајте ги со масло. Од како сите ќе ги наредите, пресечете ги на 8 дела и прелејте ги со 2-те изматени јајца вo кои сте го нарендале кашкавалот. Ставете ги во рерна да се запечат. Овие питулици можат да се филуваат со пржено мелено месо.
bilboard.mk https://bilboard.mk/