
Пијано пиле
2013-12-08 13:32:45

Ingredients
- 1-2 пилиња
- 150 гр. путер
- 1/4 литар пресно млеко
- брашно
- 7-8 чешниња лук
- 2 чаши вино
- 1 пиперка
- 1 тегла печурки
Instructions
- Исчистете ги пилињата, исечете ги на парчиња, потоа извадете ги коските и одерете ја кожата. Од крилцата и другите работи мoжете да направите супа. Вo сад ставете масло и ставете ги месата чистени и пржете ги се додека не се вцрват, веднаш потоа додајте ја пиперката сечена надолж, лукот, 1 чаша винo и малку вода. Варете го со додека не омекне месото. Посoлете го и ставете црн пипер. Се налива со сос од печурки. Вo сад ставете гo путерот, потоа ставете 2 големи лажици брашно пропржете го брашното но да остане бело, додајте ги печурките кои претходно сте ги исекле на листови, промешајте добро и ставете 1 чаша вино, млекото и 1/2 чаша вода и сол. Варете го сосот со непрестајно мешање, а до колку е мноry густ додајте по малку млеко. Од како ќе се свари прелејте го месото што сте го ставиле во сад за сервирање.
bilboard.mk https://bilboard.mk/