
Полнети Компири (1)
2013-12-14 19:44:11

Ingredients
- 1 кгр. компири средна големина
- 1/2 кгр. телешко месо
- 1 филџан ориз
- 2 главици кромид
- 3 јајца
- маст
- магданос
- црн
- пипер
- сол
Instructions
- Излупете ги компирите, ставете ги во сад, налејте ги со вода која сте ја посолиле и закиселиле со лимонтус. Кога компирите се упола oбаврени, тргнете ти од оган исцедете ги од вода и сo лажичка издлабете ги во средина.Исчистете го кромидот, исечкајте го ситно и ставете го во тенџере со 1 лажица маст. Кога кромидот ќе се испржи, додајте го месото и испржете го добро. Посолете гo, ставете црн пипер и тргнете гo од оган, а потоа додајте 1 јајце и сецкан магданос. Додајте го оризот кој претходно сте го обавриле. Со оваа смеса полнете ги компирите. Редете ти во тава а преку секој компир ставете по 1 мало парченце маст. Изматете пресно млеко со јајцата толку, колку што компирите ќе се облејат со течност. Ставете ги во рерна внимавајќи да не се исушат. Служете ги со салата од домати.
bilboard.mk https://bilboard.mk/