
Полнето јагнешко
2013-12-09 13:01:35

Ingredients
- 1 јагнешка плешка
- 1 јагнешки дроб
- 2 главици кромид
- 1 филџан сварен ориз
- 1 рака суво грозје
- црн пипер
- сол
- 3 јајца,магданос
Instructions
- Направете на јагнешката плешка џеп меѓу коските и кожата. Црниот дроб сварете го и ситно исечкајте го. Истовременo на масло испржете го сечканиот кромид, додајте го дробот, посолете го, а потоа ставете гo оризот, сувото грозје, црниот пипер, магданосот и на крај додајте ги јајцата, добро промешајте и со тоа наполнете ја плешката. Отворот сошијте го со бел конец и печете ја во рерна со повремено преливање и вртење на плешката.
bilboard.mk https://bilboard.mk/