
Полнет модар патлиџан
2015-03-13 08:47:25

Ingredients
- 4 помали модри патлиџани
- 2 црвени домати
- 300мл. Масло за јадење
- 3 лажици маслиново масло
- 500г. Чисто мелено месо
- 1 зелена пиперка
- 1 лута пиперка
- 1 главица кромид
- 3дцл. Хопла
- 3 чешниња лук
- магдонос
Instructions
- Ги сечеме модрите патлиџани на половина по должина. Во поголема тава, попрскуваме со масло за јадење и ги ставаме сите модри патлиџани да се пржат. Повреме ги вртиме и откако ќе омекнат ги вадиме на чинија.
- Во друга загреана тава ставаме маслиново масло, потоа го додаваме ситно исечканиот кромид и лук, пиперките и меленото месо. Потоа ги додаваме црвените домати, излупени и ситно исечкани и половина од хоплата. Мешаме се додека смесата не се згусне. Потоа додаваме магдонос и чили.
- Оладените модри патлиџани ги засекуваме во внатрешноста и ги полниме со смесата од тавата. Ги редиме во поголема тама за печење и ги преливаме со остатокот од хоплата и парченца зелена пиперка. Ги ставаме да се печат околу 10 минути на 200°C
bilboard.mk https://bilboard.mk/