
Посна Бамја
2014-01-07 22:02:45

Ingredients
- 1/2 кгр. бамји
- 2 поголеми лажици масло
- 1 главица кромид
- 4-5 домати
- 1-2 чешниња лук
- магданос
- црн пипер
- сол
Instructions
- Бамјите исчистете ги од петелките, попарете ги со врела вода и исцедете ги добро. На две поголеми лажици масло испржете две главици ситно исечен кромид, колку да зажолти, додајте 4-5 наполно зрели домати, излупени и исечкани, без семе, малку лук, исечен магданос, сол, црн пипер и најпосле ставете ги попарените бамји. Поклопете го садот и оставете го на тивок оган да се повари околу 30 минути.
bilboard.mk https://bilboard.mk/