
Посни полнети пиперки
2014-05-14 01:06:09

Ingredients
- 10 бабури
- 4 модри патлиџани
- 3 главици кромид
- 2-3 домата
- брашно
- црвен пипер
- магданос
- сол
- масло
- 140 гр. ориз
Instructions
- Модрите патлиџани измијте ги, исечете ги на ситни коцки, посолете ги и оставете ги да постојат. Во тенџере ставете 2-3 лажици масло и додајте го ситно исечканиот кромид и пржете го. Во пржениот кромид додајте ги модрите патлиџани, па испржете ги добро со кромидот, потоа додајте го оризот и повторно пропржете го. Тргнете го од оган, додајте магданос, малку црн пипер и делот од доматите што претходно сте го отстраниле за да направите во нив вдлабнатини. Сето тоа добро промешајте го. Во тава ставете малку масло и кога ќе се загрее маслото додајте 1/2 лажица брашно и малку црвен пипер. Полнете ги пиперките и доматите, но внимавајте да не ги преполните бидејќи оризот ќе набабри. Наредете ги во тава, налејте вода колку да се облијат и доматите и пиперките. Додајте уште масло и печете ги во рерна на 150°С.
bilboard.mk https://bilboard.mk/