
Праз во Рерна
2014-01-07 21:59:57

Ingredients
- 800 гр. праз
- 200 гр. овчо сирење
- 20 гр. масло
- 2 јајца
- 40 гр. брашно
- црн пипер
- 1/4 литар млеко
- сол
Instructions
- Празот исчистете гo, исечете го на парчиња долги 2 см., сварете го во солена вода, а потоа исцедете го. Половината од празот ставете го во подмачкана тава, преку празот ставете го сирењето претходно издробено и на крајот малку црн пипер. Ова прекријте го со другата половина од празот. Направете потоа глатка смеса од јајцата, бpaшното и млекото и прелијте го со неа празот. Печете го во рерна додека се зарумени. Служете со лут ајвар и туршија.
bilboard.mk https://bilboard.mk/