Состојки :
Телешки џигер(1 Килограм)
Црвен вински оцет(200 Милилитри)
Масло(200 Милилитри)
Лук(10-15 Чешниња)
Магдонос(1 Китка)

ПОДГОТОВКА:
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Телешкиот или јунешки џигер се сечка на тенки парчиња и се остава во сад да отстоо неколку часа.
- Во садот се става масло за готвење и вегета.
- Потоа џигерот се пржи во тава на тивок оган.
- Откако ќе се испржи, се става во една голема чинија.
- Се прави прелив, во тенџере се мешаат 200 мл вински оцет со 200 мл масло, се додаваат ситно сечкани магдонос и лук, сето тоа се зоврива на рингла и се прелива врз пржениот џигер.
- Џигерот се сервира со гарнир од печени млади компири.
На здравје !