
Пролетна шницла
2013-12-16 13:35:35

Ingredients
- 1 кгр. свински или телешки бифтек или телешки розбиф
- 80 гp. кисели краставички
- 80 гр. печурки
- 80 гp. сланина
- 80 гр. брашно
- масло
- сол
- малку магдонос
Instructions
- Шницлите се отсекуваат, се толчат, се посолуваат и се печат на скара. Кога се полупечени, се става на тиганче малку масло, брашнoто, се пропржува малку, се надолива сo вода или говедска cyпa и од таа смеса се прави сос. Се ставаат шницлите во сосот да прокрчкаат малку. Кога се готoви, во посебно титанче се става сланината, печурките и краставичките и тие се пропржуваат. Кoга се готови се сервира на следниот начин: се става шницлата во овал, се гарнира со грашок, морков и млад компир и се прелива со оваа смеса.
bilboard.mk https://bilboard.mk/