
Салата од Суви Пиперки (2)
2014-07-27 12:51:43

Ingredients
- 20 парчиња суви пиперки (лути и слатки)
- 200 гр. доматен сос
- масло
- лук
- сол
- вода
Instructions
- Измијте ги добро пиперките и ставете ги во рерна на 50°С да се сушат. Извадете една пиперка и скршете ја. Во колку пука во рацете тогаш се готови, печени, извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат. Земете дрвена ваганка и ставете неколку скршени пиперки (вадете гo семето) и толчете со дрвен толчник. Додајте веднаш врела вода и толчете за да добиете од пиперките ryста смеса. Ова повторувајте го се додека не се потрошат пиперките. Истолчете го лукот со сол и во него ставете ги пиперките, додајте го доматнот сос и залејте со маслото. Досолете по вкус.
bilboard.mk https://bilboard.mk/